Достапни линкови

Научници од Македонија изработија станици за мерење на квалитетот на воздухот


Поглед од планината Водно на градот Скопје. 18.04.2017

Научници од лабораторијата „Амбикон“ на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип сами изработија пет станици за мерење на квалитетот на воздухот, од кои две се веќе во функција и се лоцирани околу рудниците „Саса“ и Бучим“.

Раководителот на лабораторијата „Амбикон“, Дејан Мираковски вели дека речиси две години работеле на склопувањето со референтни сензори од реномирани производители, а направени се и пробните мерења со станиците, кои треба да овозможат поекономично и поефикасно мерење на квалитетот на воздухот. Една од мерните станици е поставена во кругот на лабораторијата „Амбикон“, а прв град каде што ќе постават ваква станица е Штип.

„Во фазата на тестирање имавме поставено вакви мерни станици во Штип и Струмица, исто така, и во одредени програми поддржани од Министерството за животна средина имавме мерења и во град Скопје, заедно со други лаборатории „Фармахем“ и со Технолог. Нашите инструменти генерално покажуваат тоа што го гледа јавноста“, вели Мираковски.

Инаку деновиве воздухот е високо загаден во повеќе градови во Македонија. Вчера, како и во изминатите денови, граѓаните во сите скопски општини дишеа високо загаден воздух. Иако максимално дозволените граници за ПМ10 честичките се 40-50 микрограми на метар кубен, синоќа во Лисиче околу 18 часот се измерени 486 микрограми на метар кубен.

Мерната станица во центар покажа 112 микрограми наметар кубен, во Гази Баба 140, а во Карпош вчера во осум часот наутро регистрирани се 168 микрограми. Воздухот беше загаден и во Битола, Кичево, Тетово, Кочани, Куманово...

ВМРО-ДПМНЕ денеска во партиско соопштение наведува дека човечки животи се губат пораи неспособноста на властите да се справат со загадениот воздух.

XS
SM
MD
LG