Достапни линкови

Трамп во посета на Филипините, протести во главниот град Манила


Претседателот на САД Трамп на прес-конференција во претседателската палата во Ханој.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска пристигна во Филипините, на последната посета од неговата 13-дневна турнеја во Азија. Тој до 14 ноември ќе биде во главниот град на Филипините, Манила, каде ќе присуствува на собирот на лидери на Асоцијацијата на нации од југоисточна Азија (АСЕАН).

Часови пред неговото пристигнување, полицијата употреби водени топови да спречи стотици антиамерикански демонстранти да стигнат до амбасадата на САД во Манила.

Патувањето на Трамп во Азија е наменето за зајакнување на дипломатските и економски односи, во услови на нуклеарните закани од Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG