Достапни линкови

Цивил: Мирен почеток на прегласувањето во Чаир


Локални избори 2017. Граѓани гласаат на гласачко место во Скопје.

Набљудувачите на Цивил констатирале мирен и навремен почеток на прегласувањето на вториот круг од Локалните избори на избирачкото место 2901 во Чаир. Од Цивил соопштуваат дека до 9 часот гласале 24 гласачи.

Во вториот круг локални избори на ова избирачко место гласале 278 од вкупно 719 гласачи. Разликата меѓу кандидатите за градоначалници Зеќирија Ибрахими и Висар Ганиу беше 66 гласа предност за Ибрахими.

По одбиениот приговор на Беса за избирачкото место 2901 во ОУ „Иднина“, Чаир, Управниот суд Скопје, донесе одлука за прегласување, прифаќајќи ја нивната жалба.

XS
SM
MD
LG