Достапни линкови

Трамп ги поздрави односите со Русија


Претседателот на САД Трамп и рускиот претседател Путин на Самитот во Виетнам.10.11.2017

Претседатело на САД Доналд Трамп денеска во серија објави на Твитер истакна дека да се има позитивни односи со Русија „е добра работа“ и оти Москва „може многу да помогне“ да се решат кризите во Украина, Северна Кореја, Сирија и со глобалниот тероризам.

Во однос на санкциите кон Русија, Трамп на прес-конференција во Ханој како дел од 13-дневното патување во Азија, рече дека Москва е “многу силно санкционирана и оти „сега е време да се вратиме на лекување на светот кој е разнишан и скршен.“

САД воведоа санкции кон Русија за наводното мешање во американските претседателски избори во 2016 година и им се придружија на другите нации од Западот наметнувајќи санкции кон Москва за нејзината агресија во Украина.

Трамп понатаму не ги објасни неговите коментари за санкциите, но се обиде да ги разјасни претходните извави за руското мешање во изборите во САД, велејќи оти им верува на проценките на разузнавачките агенции на САД, но дека исто така верува оти рускиот претседател Владимир Путин бил искрен во неговото негирање околу мешањето.

XS
SM
MD
LG