Достапни линкови

Втор круг од претседателските избори во Словенија


Архива - Жена гласа на претседателските избори во Словенија. 2.10.2017

Во Словенија утрово во седум часот беа отворени избирачките места за вториот круг од претседателските избори, на кој учествуваат сегашниот шеф на државата Борут Пахор и градоначалникот на Камник Марјан Шарец.

Последните анкети покажуваат дека Пахор е фаворит за освојување на втор мандат, но оти неговата предност над неговиот противкандидат Шарец е помала отколку во првиот круг пред три недели.

Во првиот круг од изборите поддршка од гласачите побараа девет кандидати, при што Пахор доби над 47 отсто од гласовите, а Шарец над 24 проценти. Во Словенија се гласа на 3.194 избирачки места.

XS
SM
MD
LG