Достапни линкови

Почна прегласувањето на едно избирачко место во Чаир


Архива - Локални избори 2017. Граѓани гласаат на гласачко место во Скопје.

Гласањето на избирачкото место 2901 во општина Чаир каде се повторува гласањето од вториот круг на Локалните избори започна навреме и се одвива непречено, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).

На ова избирачко место се запишани вкупно 719 избирачи. Вчера гласаа болните и изнемоштени лица, а од пријавени три лица на избирачкорто место 2901, правото на гласање го оствариле двајца гласачи.

Управниот суд по жалбата на БЕСА донесе одлука за повторување на гласањето. Разликата во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од БЕСА во вториот круг беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 разликата е 66 гласа.

Ова е единственото прегласување на шестите локални избори во Македонија кои се одржаа во два круга на 15 и на 29 октомври.

XS
SM
MD
LG