Достапни линкови

Бахреин: Терористички акти преку инструкции од Иран


Мапа на Бахреин.

Бахреин соопшти дека нафтоводот што експлодирал во текот на ноќта е напад на милитинатите поврзани со Иран. Министерството за внатрешни работи на Бахреин во денешно соопштение наведува дека инцидентот е „опасен акт на тероризам.“

„Терористичките акти на кои сведочи земјата во последниот период се спроведуваат преку директни контакти и инструкции од Иран“, се вели во соопштението.

Ниту една група засега не презеде одговорност за нападот. Исто така засега нема ниту коментар од Техеран. Експлозијата и пожарот се случија во близина на селото Бури доцна синоќа, оштетувајќи и неколку згради.

XS
SM
MD
LG