Достапни линкови

Полицијата откри 13 мигранти кај Струмица


Архива - Мигранти во Македонија.

Мешана полициска контрола од граничниот премин „Богородица“ синоќа откри 13 мигранти кај Струмица, инормираат од МВР. Патрола полициски службеници од Полициската станица за гранично преминување и граничен надзор “Богородица“ и полициски службеници од Хрватска на автопатот Гевгелија - Скопје забележале два сомнителни автомобили „Опел Вектра“ со штипски регистарски ознаки и „Форд Мондео“ со гевгелиски регистарски ознаки.

Патролата им дала светлосен и звучен знак на возилата да застанат, но тие со зголемена брзина се упатиле по регионалниот пат кон Струмица. Возачот на „Форд Мондео“ излегол од возилото додека истото било во движење и се качил во Опелот, кој бил во близина, и со голема брзина се упатиле кон село Водоча-Струмица.

При претресот на возилото Форд Мондео пронајдени се 10 мигранти и уште тројца мигранти кои биле во непосредната околина. Тие се однесени во Полициската станица Богородица за понатамошна постапка.

XS
SM
MD
LG