Достапни линкови

Турската полиција приведе шест припадници на ИД кои подготвувале напад


Турција - Припадници на специјалните полициски сили апсат двајца осомничени припадници на ИД. 10.11.2017

Во операција во Истанбул приведени се шест борци на групата Исламската држава (ИД), кои подготвувале спектакуларен напад. Тимови на истанбулската полиција за борба против тероризмот презеле дејствија врз основа на добиени информации дека шесточлената клетка на ИД подготвува терористички акт по наредба на раководството на групата, пренесува МИА.

Во текот на претресите извршени од полицијата на различни адреси, запленети се голем број документи на организацијата и дигитални материјали. Над 100 осомничени членови на групата на ИД вчера биле приведени при операции на турската полиција во неколку градови на земјата, вклучително и Истанбул.

XS
SM
MD
LG