Достапни линкови

МВР: Обид за грабеж на менувачници и закани со компромитирачки фотографии


Македонска полиција, МВР.

Поднесена е кривична пријава против 45-годишно лице (Б.Н.) од Скопје поради сомнение за обид да ограби две менувачници во Карпош и Центар, соопшти МВР.

Лицето прво на 2 ноември на ул. „Московска“ влего во менувачницата „Сиба Комерц“, претставувајќи се како службеник од УЈП побарал да биде отворена канцелариајта на вработените, но вработената побарала лицето да се легитимира, по што тој излегол па се вратил и со камен почнал да го крши заштитното стакло од пултот. Вработената го вклучила бебедносниот аларм и лицето се откажао од намерата.

Второто дело (Б.Н.) го извршил четири дена подоцна на бул. „Партизански Одреди“, во менувачницата „Линда“ со пиштол барл вработениот да му ги даде парите, но тој одбил, а пред менувачницата забележал полицајци од единицата Алфа, почнал да вика помош по што лицето се обидело да побегне, а полицијците го застанале и го привеле во полициска станица.

Во полициска станица во Гостивар 18-годишна девојка пријавила дека 20-годишно лице преку телефон и се заканувал и уценувал дека ќе објави нејзини компромитирачки фотографии доколку не му даде 400 евра.

Во полицискиот билтен на МВР исто така е наведено дека 44-годишната И.Т. од Скопје вчера пријавила две непознати лица кои ја барале со нејзината 26-годишна ќерка (З.Т.) за да се договорат за гласање во Советот на општина Гази Баба. Лицата понудиле помош околу семејниот бизнис и поубаво работно место за (З.Т.), во спротивно едно од лицата се заканило дека ќе фрли молотов коктел врз нивната продавница во Ќерамидница. За случајот е известен јавен обвинител.

XS
SM
MD
LG