Достапни линкови

Израелската армија собори дрон над Голанската висорамнина


Илустрација - израелски војници на мисија во Голанската висорамнина.

Израелската армија денеска истрела ракета „Патриот“ за да собори беспилотно летало од руско производство над Голанската висорамнина, соопшти армијата, пренесува Ројтерс.

„Тоа е очигледно произведено во Русија и припаѓа на сирискиот режим“ изјави армискиот портпарол Џонатан Конрикус додавајќи:

„Тоа беше извидувачко беспилотно летало (УАВ), а ние проверуваме дали има било каква врска со Иран и Хезболах“, рече Конрикус.

Израелската војска веднаш не даде никакви докази дека дронот е руско производство и дека и припаѓа на Русија.

„Патриот“ е американски ракетен систем земја-воздух.

Израел ја презема контролата врз Голанската висорамнина во војната во 1967 година, а Сирија бара нејзино враќање.

XS
SM
MD
LG