Достапни линкови

Загина ирански пилот во утринска вежба во јужен Иран


Илустрација - авион бомбардер „Сухој-22.“

Ирански пилот загина откако се урна неговиот авион бомбардер „Сухој-22“ во јужен Иран, се вели во денешно соопштение на веб-страницата на Иранската револуционерна гарда.

Во соопштението се вели дека авионот се урнал додека учествувал во утринска вежба во јужната провинција Фарс, но не се наведени повеќе детали.

Во Иран се забележани повеќе случаи на авионски несреќи поради староста на авионите и слабото одржување. Иран има руски и американски борбени авиони. Американските авиони му беа предадени на Техеран пред Исламската револуција во 1979 година која ја собори монархијата поддржана од Западот, додека руските борбени авиони Иран ги купи по револуцијата.

XS
SM
MD
LG