Достапни линкови

Утре прегласување на едно избирачко место во општина Чаир


Локални избори 2017 - граѓани гласаат на гласачко место во Скопје.

Во општина Чаир во избирачкото место 2901 утре ќе биде повторено гласањето од вториот круг на локалните избори што се одржа на 29 октомври. На избирачкото место запишани се вкупно 719 избирачи, а Управниот суд донесе одлука за прегласување по жалбата на партијата БЕСА.

Разликата во општина Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од БЕСА во вториот круг беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 разликата е 66 гласа. Ова е единственото прегласување на шестите локални избори во Македонија кои се одржаа во два круга на 15 и на 29 октомври.

XS
SM
MD
LG