Достапни линкови

Кремљ: Путин и Трамп со заеднички напори против ИД во Сирија


Виетнам - Путин и Трамп разговараат на Самитот на азиско-пацифичката соработка (АПЕК)

Претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во заедничка изјава на маргините на самитот во Виетнам се согласија да ги продолжат заедничките напори во борбата против групата на Исламската држава во Сирија, соопшти денеска Кремљ.

Белата куќа не одговори веднаш на прашањата во врска со соопштението на Кремљ или за разговорот за кои Кремљ вели дека го имале двајцата лидери на маргините на Самитот на азиско-пацифичката соработка (АПЕК) во виетнамското одмаралиште Дананг.

Кремљ соопштува дека изјавата за Сирија била координирана од страна на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Рекс Тилерсон особено за средбата во Дананг.

Путин и Трамп ја потврдија својата посветеност на суверенитетот на Сирија, независноста и територијалниот интегритет и ги повикаа сите страни во сирискиот конфликт да земат активна улога во женевскиот политички процес, се вели во соопштението.

Русија и САД се согласуваат дека не постои воено решение за сирискиот конфликт, се вели во текстот објавен на веб-страницата на Кремљ.

XS
SM
MD
LG