Достапни линкови

Русија со нов закон за странските медиуми во земјата


Спикерот на руската Дума, Вјачеслав Володин

Руските власти соопштија дека ќе усвојат нов закон насочен кон американските медиуми во земјата. Спикерот на руската Дума, Вјачеслав Володин изјави дека ќе се направи измена на постоечкиот закон за странски агенти во кој ќе бидат вклучени и странските медиуми. Неговиот заменик Сергеј Неверов истакна дека измените може да имаат влијание врз западните социјални медиуми како Фејсбук и Твитер.

Таквиот чекор доаѓа по тврдењето на рускиот телевизиски канал РТ, кој е финансиран од државата дека ќе го оствари барањето на САД за регистрација на нивното дописништво како странски агент, но исто така најавија и тужба. Од РТ соопштија дека американското министерство за правда им дало рок до 13 ноември да се регистрираат како странски агент.

XS
SM
MD
LG