Достапни линкови

Советник на Трамп наводно сакал да го предаде Ѓулен на Труција


Мајкл Флин

Американскиот специјален советник Роберт Мулер ги истражува наводите дека советникот за национална безбедност Мајкл Флин се согласил да го предаде проповедникот Фатула Ѓулен на Турција во замена за исплата на 15 милиони долари, јавија американски медиуми.

Вол Стрит Журнал јави дека Флин и неговиот син разговарале со турски претставници на кој начин да им го предадат Ѓулен, кој е обвинет за обид за пуч против власта на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Флин наводно за тоа разговарал во Њујорк во декември, минатата година кога тој беше член на транзициониот тим на избраниот претседател Доналд Трамп.

Случајот е дел од истрагата на Мулер за наводните несоодветни контакти меѓу претставници на Трамп со агенти на руските власти за време и по претседателските избори во 2016. Откако Трамп ја презема функцијата, Флин беше советник за национална безбедност 24 дена по што беше принуден да поднесе оставка заради неговите контакти со рускиот амбасадор во САД.


XS
SM
MD
LG