Достапни линкови

Ердоган на средба со Путин на 13 ноември во Сочи


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со неговиот руски колега Владимир Путин.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин на 13 ноември во Сочи. Кремљ соопшти дека двајцата лидери планираат да разговараат за регионални и меѓународни прашања меѓу кои и заедничката борба против тероризмот и напорите да се стави крај на конфликтот во Сирија. Се очекува на средбата да стане збор и за зголемената трговија и соработка во енергетскиот сектор.

XS
SM
MD
LG