Достапни линкови

Трамп и Путин се ракуваа на самитот во Виетнам, но нема да имаат средба


Американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин на средба на маргините на самитот на Г20 во јули, годинава.

Американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин се ракувале и размениле поздрави додека се подготвувале за групно фотографирање на учесниците на економскиот самит во Виетнам.

Белата куќа неколку часа претходно соопшти дека нема да има формална средба меѓу двајцата лидери. Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека можно е Путин и Трамп да имаат помалку формална средба во Данганг или подоцна на Филипини кога тие ќе присуствуваат на друга регионална конференција.

XS
SM
MD
LG