Достапни линкови

Могерини - ЕУ ќе се осигура да се почитува нуклеарниот договор со Иран


Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини

Европската унија ќе се осигура дека клучниот договор за нуклеарната програма на Иран меѓу светските сили и Техеран „ќе продолжи целосно да се спроведува од сите, во сите негови делови“, рече денеска шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. Зборувајќи на конференција во узбекистанскиот град Самарканд, таа рече дека договорот е „големо достигнување на европската и меѓународна мултилатерална дипломатија, која дава резултати“.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец одби да потврди дека Иран се придржува до договорот од 2015 година, иако меѓународните инспектори соопштија дека Техеран ги исполнува своите обврски. Трамп го обвини Иран за кршење на духот на договорот и најави дека ќе побара од американскиот Сенат да го зголеми притисокот врз Техеран.

XS
SM
MD
LG