Достапни линкови

Први слики од мајка со младо рисче на Јабланица


Фотографии од мајка рис со младо рисче на планината Јабланица во Македонија.

Мајка рис со младо рисче се фотографирани на планината Јабланица во југозападниот дел на Македонија, по подолг мониторинг во рамките на Програмата за заштита на балканскиот рис што ја спроведува Македонското еколошко друштво (МЕД). Од организацијата наведуваат дека досега преку методот фото-замка имаат слики од три риса на Јабланица, но прв пат од мајка со младо рисче.

Од МЕД наведуваат дека ова е одличен податок кој покажува дека овој загрозен вид се размножува и надвор од неговото јадрово подрачје во Националниот парк Маврово, вели Диме Меловски – раководител на програмата за заштита на балканскиот рис од МЕД.

Фотографиите се направени од Ловечкото друштво „Черн Камен“. Во рамки на Програмата за заштита на балканскиот рис постои мониторинг мрежа составена од ловџии, шумари, ветеринари и љубители на природата.

XS
SM
MD
LG