Достапни линкови

Забранет влез за Мајк Тајсон во Чиле


Тајсон беше задржан на аеродромот во Сантијаго

На поранешниот светски првак во бокс Мајк Тајсон, чилеанските власти му забранија влез во земјата и тој со првиот авион ќе биде вратен во САД. Тој беше задржан на аеродромот во Сантијаго.

Чилеанската полиција соопшти дека Тајсон не ги исполнува условите за влез во земјата поради неговите кривични дела. Според законот, чилеанските власти може да им забранат влез во Чиле на странците, кои во своите земји биле под истрага за каков било случај или пак биле осудувани.

Легендарниот боксер, кој имаше бројни проблеми со законот, требаше во Чиле да учествува во промотивни активност за една телевизиска станица.

Поранешниот светски шампион, отслужи три годишна затворска казна откако во 1992 година беше осуден за силување. Тајсон исто така беше осудуван и за физички напад како и за поседување на кокаин.

Тоа не е првпат на Мајк Тајсон да му биде забранет влез во некоја земја. Во 2013 година му беше забрането да влезе во Велика Британија.

XS
SM
MD
LG