Достапни линкови

Белата куќа: нема да има средба меѓу Трамп и Путин


архивска снимка - претседателите на САД и Русија Доналд Трамп и Владимир Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на самитот на Југоисточна Азија во Виетнам, соопшти Белата куќа. „Во врска со средбата со Путин, никогаш не беше потврдено и нема да има никаква средба“, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс пред слетувањето на авионот на претседателот Трамп во веитнамскиот град Дананг. Таа сепак не исклучи дека двајцата претседатели би можело да имаат помалку официјална средба во Дананг или подоцна на Филипините каде што ќе учествуваат на друг регионален самит.

XS
SM
MD
LG