Достапни линкови

Кувајт им наложи на своите државјани да го напуштат Либан


Премиерот на Либан Саад Харири

Властите на Кувајт синоќа им наложија на своите државјани веднаш да го напуштат Либан поради растечките тензии меѓу таа земја и Саудиска Арабија. Ваква мерка претходно на своите граѓани им наложија и Саудиска Арабија и Бахреин. Саудиска Арабија му се закани на Либан дека ќе ја смета за непријателска земја доколку припадници на радикалното движење Хезболах, кое е поддржано од Иран, не се повлечат од владата. Премиерот на Либан Саад Харири на 4 ноември во телевизиска изјава од Ријад изјави дека поднесува оставка, обвинувајќи го Хезболах дека сака да владее во земјата. Харири кон крајот на минатата година стана премиер на Либан. Таа влада е длабоко поделена меѓу оние кои и се лојални на Саудиска Арабија, предводени од сунитскиот муслиман Харири и оние кои му се лојани на шиитскиот Иран на чело со Хезболах.

XS
SM
MD
LG