Достапни линкови

Ослободени петтемина каталонски пратеници


Новинари чекаат пред шпанскиот Врховен суд во Мадрид

Шпанскиот Врховен суд ги ослободи петтемина каталонски пратеници, но властите ја продолжуваат истрагата за нивната улога во забранетиот процес за независност на Каталонија. Судот соопшти дека на сменетата претседателка на каталонскиот параламент Карме Форкадел и е одреден привремен притвор или кауција од 150 илјади евра. Четворица пратеници ќе мора да платат кауција од 25 илјади евра, додека петиот пратеник е ослободен без кауција. Каталонија на 27 октомври прогласи независност, по што Шпанија воведе дирктна управа врз тој регион, ја смени регионалната влада и го распушти парламентот.

XS
SM
MD
LG