Достапни линкови

Вајгл ги продолжува разговорите во Скопје


Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл денеска во Скопје ги продолжува средбите со координаторите на пратеничките групи во Собрнието на Македонија. Потоа, како што е најавено, ќе следува и брифинг со претседателот на Собранието Талат Џафери и со амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар. На овие средби се разговара и за можноста за отпочнување дијалог меѓу различните пратенички групи во Собранието на одредени теми. Овој дијалог, под покровителство на Европскиот парламент, има за цел да придонесе кон создавањето на позитивна атмосфера во Собранието и подобра комуникација на опозицијата и власта по однос на одредени прашања.

XS
SM
MD
LG