Достапни линкови

Владата го усвои Предлог буџетот за 2018 година


Влада на Република Македонија

Македонската влада на вечерашната седница го усвои Предлог буџетот на Република Македонија за 2018 година и донесе заклучок предлогот за буџетските трошоци за наредната година да биде доставен на усвојување во Собранието. Во соопштението на владината Прес службата се посочува и дека на вечерашната 37 седница Владата го разгледала и усвоила и Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година. На оваа седница Владата го разгледа и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход. Со предложените измени и дополнувања на овој закон граѓаните веќе нема да имаат обврска да поднесуваат даночна пријава. Тоа ќе го прави УЈП, а граѓаните ќе треба само да ги потврдат или корегираат информациите во пријавата, се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG