Достапни линкови

Трамп побара од Кина помош околу Северна Кореја


Кина- претседателите на САД и на Кина Доналд Трамп и Кси Џинпинг на бизнис вечерата,09.11.2017

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој е во посета на Кина, побара од Пекинг да го искористи своето влијание за разрешување на прашањето за нуклеарната програма на Северна Кореја и нагласи дека билатералната размена меѓу двете земји била нефер кон САД.

Трамп ова го кажа денеска на заедничката прес конференција со кинескиот претседател Кси Џинпинг на која го обелоденија и потпишувањето на договорот меѓу кинески и американски фирми вреден 250 милијарди долари.

Во последниве месеци Пјонгјанг тестираше балистички ракети и изврши шест нуклеарни експлозии. Трамп, кој бара Кси да направи понатамошен притисок врз Северна Кореја и нејзиниот развој на нуклеарно оружје, рече дека Кина може да ги поправи работите брзо и лесно барајќи од Пекинг да ги прекине финансиските врски со Пјонгјанг. Тој исто така побара и Русија да помогне.



XS
SM
MD
LG