Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ- Заев да каже јавно од кого добива закани


Илустрација-седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ попладнево преку соопштение го повика премиерот Зоран Заев јавно да кажел од кого добивал закани и колку биле тие реални.

Ако не го стори тоа, наведуваат од партијата, тогаш сите негови изјави во тој правец се резултат на неговата желба да привлече внимание по секоја цена, во отсуство на, како што пишуваат, реални проекти и достигнувања, во ситуација кога имаме зголемување на акцизи за нафта, зголемување на цените на паркингот и кога се зголемуваат општите трошоци за живот на граѓаните.

"Сето ова делува за несериозен и несмасен обид да се дефокусира вниманието од вистински теми, отсуството на решенија и проекти", наведуваат од опозициската партија.

XS
SM
MD
LG