Достапни линкови

Вучиќ следниот месец ќе ја посети Москва


Архивска фотографија-претседателот на Србија Александар Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на покана на рускиот претседател Владимир Путин следниот месец ќе ја посети Москва. Во соопштението од кабинетот на српскиот претседател се наведува дека Вучиќ со Путин ќе разговара за билатералните односи, унапредување на политичкиот дијалог, економската и за енергетската соработка. Притоа, Вучиќ и Путин ќе разговараат и за односите во регионот на Западниот Балкан, Европа, како и за глобалната политичка и економска состојба, се истакнува во соопштението. Тоа ќе биде втора посета на Вучиќ на Руската Федерација во текот на годината. Тој, во пресрет на пролетните претседателските избори во Србија се сретна со Путин.

XS
SM
MD
LG