Достапни линкови

Иванов-Аргументите за блокадата на Македонија немаат место во проектот за обединета Европа


Архивска фотографија-претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Македонија ги исполни сите критериуми за членство во НАТО, сепак беше блокирана и оставена сама на себе. Аргументите за блокадата на Македонија се аргументи измислени за време на студената војна кои немаат место во проектот за обединета слободна и мирна Европа, порача претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето на 21. Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите членки на САД – Јадранската повелба.

Според претседателот, отворената врата да влеземе во Алијансата е метафорична покана, но сепак Македонија со НАТО ги споделува истите вредности, интереси и приоритети. Поради радикализација од странските борци, според претседателот Иванов, Европа се повеќе се соочува со напади извршени од втора или трета генерација мигранти дојдени во европските земји.

„За да одговориме на оваа закана, потребно е државите од Јадранската група целосно да се интегрираат во архитектурата на безбедносниот систем на НАТО и на ЕУ со непречен пристап до сите бази на податоци“, истакна Иванов.

XS
SM
MD
LG