Достапни линкови

НАТО го зголемува бројот на војници во Авганистан


Состанок на министрите за одбрана од НАТО во Брисел

НАТО објави дека ќе го зголеми бројот на војници во Авганистан од сегашните 13 на 16 илјади за да ѝ помогне на владата во Кабул во борбата против талибанците. Ова го соопшти генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на крајот на дводневниот состанок на министрите за одбрана од НАТО во Брисел.

Тој рече дека дополнителните војници нема да учествуваат во борбени мисии, туку ќе бидат дел од мисијата „Одлучна поддршка“, чија цел е обука, советување и помош за авганистанските владини сили.

Половина од дополнителните војници ќе бидат од САД, додека остатокот ќе се пополни од другите членки на НАТО.

Американскиот претседател Доналд Трамп во август ја најави новата стратегија за Авганистан, а во септември американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис изјави дека во земјата ќе бидат распоредени повеќе од три илјади нови американски војници.

XS
SM
MD
LG