Достапни линкови

Преку Меџитлија и Дојран во Грција само пеш, на Богородица повремено со автомобил


Архивска фотографија: Македонско-грчката граница

Поради штрајк на грчките цариници од изутрината во 5 часот во целосен прекин е сообраќајот на граничните премини Меџитлија и Стар Дојран, а на граничниот премин Евзони повремено се пропуштаат само патнички возила. На трите премини македонско-грчката граница може да се премине само пеш, соопшти МВР. Од 9 часот во целосен прекин е и товарниот железнички сообраќај помеѓу Македонија и Грција.

Штрајкот на граничниот премин „Меџитлија” - „Ники” започнал во 5 часот утрово и ќе трае до 5 часот утре. За време на штрајкот ќе бидат пропуштани само пешаци, додека сообраќајот за моторни возила ќе биде во прекин.

На граничниот премин Богородица-Евзони штрајкот ќе трае до 23 часот вечерва, а најавен е целосен прекин на сообраќајот на товарни моторни возила, додека патнички моторни возила и пешаци повремено ќе бидат пропуштани.

На граничниот премин Стар Дојран-Дојрани, штрајкот на грчките цариници исто така ќе трае до 23 часот, а во овој временски период ќе бидат пропуштани само пешаци.

XS
SM
MD
LG