Достапни линкови

Матис ѝ вети поддршка на Турција во борбата против ПКК


Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и неговиот турски колега Нуретин Џаникли

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис го уверил својот турски колега Нуретин Џаникли дека САД ја поддржуваат Турција во борбата против бунтовничката Курдска работничка партија (ПКК).

Матис и Џаникли разговараа во Брисел, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи и за одбрана на земјите членки на НАТО.

Турција е незадоволна поради американската поддршка за курдските групи во Сирија и во Ирак, за кои Анкара тврди дека се поврзани со ПКК.

ПКК е на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

Според турските медиуми, Матис му се заблагодарил на Џаникли за турската поддршка во борбата против Исламската држава.

XS
SM
MD
LG