Достапни линкови

Ахмети - Односите со Атина и Софија добиваат конструктивна димензија


Претседателот на ДУИ, Али Ахмети се сретна со американскиот амбасадор Џес Бејли.

ДУИ е целосно определена да ги поддржи и предводи реформите во судството, системските реформи заедно со владеењето на правото и сè треба да се фокусира во оваа насока, сега по завршувањето на изборите, истакнал лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата со американскиот амбасадор Џес Бејли.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети и Бејли разговарале и за патот на Македонија кон НАТО и ЕУ при што лидерот на ДУИ рекол дека односите со Атина и Софија добиваат многу конструктивна димензија и соработка во духот на надминување на пречките и споровите.

Ахмети и Бејли на средбата размениле мислења за актуелната постизборна состојба во земјата, системските реформи и евроатлантската интеграција на земјата.

XS
SM
MD
LG