Достапни линкови

Работниците од „Фени“ протестираат против стечај - го блокираа патот Градско-Прилеп


Работниците од „Фени“ протестираат против стечај - го блокираа магистралниот Градско-Прилеп

Околу 850 работници на „Фени“ го блокираа магистралниот Градско-Прилеп со барање неколкуте банки доверители да се повлечат и компанијата да не оди во стечај.

Во присуство на полиција блокирани се возила од двете страни, а се пропуштаат само итни случаи.

Претставникот на Синдикатот Диме Убавков за МИА изјави дека градоначалникот Митко Јанчев, пратеникот Панчо Минов и претседателот на Синдикатот Ѓоре Палитов заминале за Скопје на средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Во меѓувреме, привремениот стечаен управник Мирослав Анастасиевски рече дека отворањето на стечајна постапка во овој момент е единствен начин за зачувување на имотот, спречување на настанување на штети и изнаоѓање на најбрзо можно решение за рестартирање на фирмата.

XS
SM
MD
LG