Достапни линкови

Нимиц е во контакт со двете страни за организирање македонско-грчка средба


Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц

Специјалниот пратеник на Генералниот Секретар на Обединетите Нации за разликите околу името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц засега не планира посета на регионот. Ова за РСЕ го изјави Ери Канеко портпарол на Генералниот Секретар на ОН Антонио Гутерес. Канеко, на прашањето дали се планира интензивирање на преговорите меѓу Македонија и Грција изјави дека посредникот Нимиц е во контакт со двете страни за да организира средба со преставници на двете земји.

Ова вчера го потврди и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров најавувајки средба на ниво на преговарачи во врска со спорот за името. „При крај сме со утврдување на датумот. Во оваа прва фаза нема да има посета на медијаторот Метју Нимиц на регионот. Најверојатно тоа ќе биде овој месец и штом сето тоа се дефинира ќе информираат од канцеларијата на медијаторот“, рече Димитров

Коментирајќи ја изјавата на американскиот заменик-помошник државен секретар Хојт Брајан Ји дека решавањето на прашањето на спорот со името е досега најблиску до изнаоѓање решение, Димитров посочи дека постои обид да се создаде една позитивна клима, која според него, се должи на научената лекција со Македонија која беше оставена долго време да чека во чекалната на ЕУ.

XS
SM
MD
LG