Достапни линкови

Трамп и Путин најверојатно утре ќе се сретнат во Виетнам


рускиот претседател Владимир Путин и неговиот помошник Јуриј Ушаков, Сочи, 02.05.2017.

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин најверојатно ќе одржат состанок на 10 ноември, изјави денеска неговиот помошник Јуриј Ушаков, додавајќи дека состанокот би бил на маргините на Азиско Пацифичкиот економски самит во Виетнам. Американско руските односи се затегнати околу неколку прашања, вклучувајќи ја и агресијата на Москва во Украина и наводното руско мешање во претседателските избори во САД во 2016 година. Единствениот состанок меѓу двајцата претседатели по инаугурацијата на Трамп во јануари годинава се одржа на самитот на Г20 во Германија во јули. Трамп на 5-ти ноември рече дека очекува да се состане со Путин за време на неговата сегашна турнеја по пет азиски земји.

XS
SM
MD
LG