Достапни линкови

НАТО отвора нови командни центри


генаралниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Брисел, 08.11.2017.

НАТО ќе ги прошири операциите за прв пат по Студената војна поради недостиг на доверба со Русија. Исто така се подготвува и унапредување на начините на командување со силите и нивното разместување, вклучувајќи и формирање два нови командни центра. Министрите за одбрана на НАТО на состанокот во Брисел го усвоија предлогот според кој, еден центар треба да биде за заштита на мосрките коридиори преку кои војниците и опремата се довезуваат од САД низ Атлантикот, додека друг за надгледување на движењето на војниците во Европа. „Не гледаме некаква непосредна закана за некоја наша членка. Но гледаме дека Русија има значително поголема самодоверба. Гледаме Русија која во изминативе години многу вложи и ги модернизира нејзините воени способности“, изјави генаралниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

XS
SM
MD
LG