Достапни линкови

„Европски вредности“: Западот со „ограничен и слаб“ одговор кон Русија


„Европски вредности“ - илустрација

Група експерти за безбедност и надворешна политика оценува дека западните влади се „ограничени и слаби“ во нивниот одговор на „непријателските дејства“ на Кремљ кон демократските земји. Во декларацијата иницирана од организацијата „Европски вредности“ со седиште во Прага, под наслов „Како демократскиот Запад треба да го запре Путин“, 70 експерти сметаат дека треба да се преземат чекори за да се запре планот на претседателот на Русија Владимир Путин да игра на „поделби и владеење во евроатлантскиот простор“. „Владимир Путин реши да ги заплашува и малтретира демократиите, а голем дел од западниот политички естаблишмент сè уште не го сфати тоа“, се вели во декларацијата објавена денеска. „Некои земји се заплашувани со закани, на други им се даваат ветувања, како што се навидум љубезни енергетски договори, ако тие прифатат анти-западни, анти демократски и анти-либерални ставови“, се наведува во декларацијата во која се додава: „Без оглед на тоа, скоро сите земји се нападнати со мешавина на шпионажа, корупција, организиран криминал и постојани повеќенаменски и повеќеканални кампањи за ширење дезинформации“. Декларацијата доаѓа пред состанокот на 13 ноември на министрите за надворешни работи на Европската унија, каде што ќе се разговара за тоа како функционира стратегиската комуникација на Унијата со нејзините источни соседи.

XS
SM
MD
LG