Достапни линкови

Димитров: Историјата мора да им се остави на историчарите


министерот за надворешни работи Никола Димитров

„Политиката не може да се меша во тоа како се напишани нашите учебници по историја. За жал, политиката се меша во извесна мера во последниве години во нашите учебници по историја. Мислам дека историјата мора да се остави на историчарите и зошто ние да се плашиме ако Грција не се плаши да се отворат нивните учебници“, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва во интервју за ТВ Канал 5. Според шефот на македонската дипломатија, недовербата, тензијата и пречките се надминуваат со разговор. „Ако сакаме да бидеме членка на НАТО и дел од европската фамилија не можеме со клоцање да влеземе да го поминеме тој праг, мора со зборување“, рече Димитров, кој на прашање дали Грција навлегува во идентитетските прашања одговори дека требало „многу поодамна да почнеме да работиме - и со грчката политика и со грчката нација и нивната јавност. И да објаснуваме дека не може на Балканот, каде што дел се Грци, имаме Бугари, имаме Албанци, имаме Срби, што сме ние тука, ако не сме Македонци. И не може друг да кажува и да одлучува што сме и како сме, ама тоа мора да се прави преку градење доверба и преку разговор, рече Димитров. „Треба да бидеме внимателни, додаде министерот, бидејќи нашата позиција беше драстично срушена со врзување на идентитетот на полето на антиката. Според мене, тоа беше многу крупна грешка и суштински - и кон дома и кон надвор“, додаде Димитров.

XS
SM
MD
LG