Достапни линкови

Борисов: Западен Балкан има шанса да ја замени Британија во ЕУ


„Балканскиот Полуостров има ретка шанса да биде во можност да го заземе местото на Велика Британија, по нејзиното излегување од ЕУ. Сега е моментот,” изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на заедничката прес-конференција со претседателот на Еврокомисијата Жан-Клод Јункер. Според Борисов, тој регион може да стане незаменлив дел од Европа, од гледна точка на инфраструктурата.

Конкретно за Западен Балкан, Јункер истакна дека во моментов изгледа дека ниту една од земјите во регионот е подготвена да влезе во ЕУ, но не треба да се одзема европската перспектива.

Претседателот на Еврокомисијата посебно ја посочи Турција, како земја со која Унијата сака да гради најдобри можни односи, но оцени дека Турција прави чекори наназад. Јункер, исто така, посочи дека бугарското претседателство претставува одлична шанса Бугарија да покаже колку вреди. Според зборовите на претседателот на Европската комисија, Бугарија може да биде олицетворена во мотото „Обединети сме посилни“, под кое Софија ќе раководи во текот на шест месеци со Европската унија.

XS
SM
MD
LG