Достапни линкови

ОН предупредуваат за хуманитарна катастрофа во источна Украина


Обединетите нации изразија "екстремнa" загриженост поради ескалацијата на борбите во близина на водните инфраструктури во источниот украински регион Доњецк, бидејќи сметаат дека тоа може да доведе до смртоносна катастрофа поради истекувањето на отровниот гас хлор. Хуманитарниот координатор на ОН во Украина, Нил Вокер, денеска изјави дека две станици за филтрирање на вода од двете страни на линијата што ја одделува територијата што ја држи владата и територијата под контрола на сепаратистите, се гранатирани во последниве денови.

„ОН се исклучително загрижени за можното ослободување на опасниот гас хлор што се чува во двете филтер-станици. Доколку се погоди еден сад за гас од 900 килограми, тој во рамките на 200 метри може да ослободи фатална доза на отровен гас" се наведува во соопштението.

Во него се додава дека филтер станица во Доњецк била гранатирана три последователни ноќи во изминатите шест дена, додека филтерската станица Верхниокалмиуска била погодена повеќе од 12 пати во една ноќ

XS
SM
MD
LG