Достапни линкови

Министерот за надворешни работи на Црна Гора утре во Скопје


Во официјална посета на Република Македонија утре ќе престојува министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ, соопшти Министерството за надворешни работи на РМ.

“Во рамките на посетата се очекува да бидат разменети мислења за натамошно унапредување на билатералните односи во сферите од заемен интерес, како и за продлабочување и натамошна диверзификација на секторската соработка. Во фокусот на дискусиите ќе биде и соработката на планот на ЕУ и НАТО интеграцијата, потребата од инфраструктурно поврзување, а ќе стане збор и за регионалната соработка и заедничката европска иднина,” се вели во соопштението на МНР.


Покрај средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров, Дармановиќ ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери и од премиерот Зоран Заев.

XS
SM
MD
LG