Достапни линкови

Рускиот тајкун Полонски се кандидира за претседател


Познатиот тајкун на руски недвижен имот Сергеј Полонски, кој пред три месеци беше осуден за финансиски криминал најави дека ќе се кандидира за претседател.Тој го објави соопштението во судот во Москва, откако судијата ја потврди претходната одлука што доведе до негово ослободување од притвор. Кампањата за изборите на 18 март формално не е почната, а Централната изборна комисија допрва треба да утврди кој од потенцијалните кандидати ќе биде на гласачкото ливче.

Полонски беше обвинет во јуни 2013 година за кражба на повеќе од 5,7 милијарди рубли (98 милиони долари) во претплатите за станови во станбен комплекс што неговата компанија го градела во Москва.

Во јули, Московскиот окружен суд го прогласи за виновен за проневера од големи размери и го осуди на пет години затвор, но нареди негово ослободување од притвор, велејќи дека статутот на ограничувањата истекол. Полонски негираше дека сторил нешто лошо, велејќи дека случајот против него бил наместен и имал за цел да ја преземе контролата врз неговите имоти.

XS
SM
MD
LG