Достапни линкови

Големите сили бараат продолжување на истрагата за хемиските напади во Сирија


Франција, Британија, САД и Германија го повикаа Советот за безбедност да го обнови мандатот за меѓународна истрага за хемиските напади во Сирија и апелираа на силни политички сигнали со кои ќе се осигура дека одговорните за овие злосторства ќе одговараат.

„Апелираме до Советот за безбедност на ОН да продолжат со заедничкиот истражен механизам. Го повикуваме Извршниот совет на Организацијата за забрана на употребата на хемиско оружје да преземе акција како одговор на извештајот на истражниот механизам и да прати порака дека оние кои се одговорни за хемиските напади ќе бидат казнети,“се наведува во заедничкото соопштение на министерствата за надворешни работи на овие земји.

Русија соопшти дека се противи на нацрт резолуцијата за продолжување на мандатот на истрагата на Организацијата за забрана на употреба на хемиското оружје. Последниот извештај на ова тело на ОН укажа дека силите лојални на претседателот Башар Ал Асад се одговорни за нападот со хемиско оружје во провинцијата Идлиб на 4 ти април, во кој загинаа повеќе од 80 лица. Русија пак ја застапува страната на официјален Дамаск кој тврди дека нападите ги предизвикале бунтовниците, кога експлодирало нивниот магацин со хемиско оружје.

XS
SM
MD
LG