Достапни линкови

Пет загинати, шеснаесет повредени во експлозија во фабрика во Турција


Пет лица загинале, а 16 други се повредени при експлозија во фабриката за бои во градот Гурсу во турската област Бурса.
Според неофицијални информации, експлозијата најверојатно ја предизвикал бојлер. Надлежните сѐ уште испитуваат што точно се случило. Од јачината на експлозијата во делот на фабриката каде што се продаваат бои, се сруши покривот, а возилата паркирани во близина беа оштетени. Повредените биле пренесени во околните болници, а ниту еден од нив не е во критична состојба. Заменик-премиерот Хакан Чавушоглу изјави дека во моментов не постои опасност, но експлозијата била огромна и нанела голема штета во тој регион.

XS
SM
MD
LG