Достапни линкови

Средба на министрите за одбрана на НАТО во Брисел


Министрите за одбрана на НАТО пристигнаа во Брисел за да разговараат за зајакнување на мисијата на НАТО во Авганистан и реконструкција на командната структура на организацијата како одговор на руските закани. Денеска, ден пред официјалните состаноци, генералниот секретар Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата планира да го зголеми бројот на војниците во Авганистан од сегашните 13.000 на 16.000. Тој рече дека војниците нема да имаат борбени улоги, туку ќе бидат дел од мисијата на НАТО за "обучување, советување и помош" и дека околу половина од дополнителните војници ќе дојдат од САД. Пристигнувајќи во седиштето на Алијансата, Столтенберг изјави дека авганистанските сили постигнуваат напредок и ги уништуваат стратешките цели на Талибанците и покрај "нестабилното" безбедносно опкружување.

Американскиот претседател Доналд Трамп во август објави нова стратегија за Авганистан. Во септември, американскиот секретар за одбрана, Џим Матис, рече дека повеќе од 3.000 дополнителни војници на САД ќе бидат распоредени во Авганистан.

XS
SM
MD
LG