Достапни линкови

Трамп пристигна во посета на Кина


Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија во Забранетиот град во Пекинг

Американскиот претседател Доналд Трамп ја започна посетата на Кина. Се очекува во фокусот да бидат разговорите за трговија и за нуклеарните амбиции на Северна Кореја. Трамп пристигна во Пекинг од Јужна Кореја, од каде го предупреди Пјонгјанг да не ја тестира решителноста на САД.

Претседателот Трамп и првата дама Меланија беа свечено дочекани во Пекинг, по што заминаа во разгледување на историскиот Забранет град. Тие беа придружувани од кинескиот претседател Кси Џинпинг и неговата сопруга, како и од други кинески и американски претставници.

Трамп, кој е на азиска турнеја, изрази загриженост од нуклеарната и ракетна програма на Северна Кореја.

Една од главните теми на разговорите е и трговијата. Кратко по пристигнувањето во Пекинг, американски и кинески компании потпишаа 19 договори во вредност од околу девет милијарди долари, но не беше соопштено за какви договори точно се работи.

На 10 ноември американскиот претседател треба да отпатува во Виетнам каде што треба да се обрати на Самитот за Азиско-пацифичка економска соработка. Тој претходно рече дека очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за време на посетата на Азија. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Путин е подготвен за таква средба.

XS
SM
MD
LG