Достапни линкови

Не стивнува приливот на нови бегалци на грчките острови


Архивска фотографија: Мигранти на Лезбос

Во првите шест дена од ноември на грчките острови пристигнале 768 бегалци и мигранти, што покажува дека нивниот прилив од средината на август досега не се намалува.

Во моментов на островите има над 15 илјади бегалци од кои повеќето, односно над осум илјади се наоѓаат на островот Лезбос.

Локалните власти од Лезбос побараа од грчката Влада и од Европската унија под итно да се ангажираат за да се намали бројот на луѓето во прифатните центри и мигрантие да се сместат во кампови кои имаат пристојни услови за живот и безбедност.

XS
SM
MD
LG