Достапни линкови

Судскиот совет денеска треба да избере претседател на Кривичниот суд во Скопје


Основен Суд Скопје 1

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница треба да избере претседател на Основен суд Скопје 1, на што ќе претходи усвојување на конечната ранг листа за оваа функција.

Претходно, членовите на Судскиот совет ќе ја разгледаат оставката на в.д. претседателот на скопскиот Кривичен суд Стојанче Рибарев, кој ја поднесе на 25 октомври од лични причини.

Рибарев ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Кривичен суд Скопје од мај годинава.

XS
SM
MD
LG